Инфо

Зголемен бројот на туристи во Македонија

Во периодот јануари – август 2018 година, во однос на истиот период претходната година бројот на туристите се зголемил за 15 проценти

понеделник, 15 октомври 2018

Се повеќе туристи ја посетуваат Македонија. Во август оваа година државава ја посетиле 211.746 туристи што е за 12,2 отсто повеќе отколку во август лани. Биле реализирани 881.806 ноќевања, односно за 15 проценти повеќе од истиот месец минатата година.

Податоците на Државиот завод за статстика покажуваат дека расте бројот на домашните туристи кој за една година е зголемен за 18,1 отсто, додека странските туристи годинава ги имало за 5,8 проценти повеќе од лани.

Во периодот јануари – август 2018 година, во однос на истиот период претходната година бројот на туристите се зголемил за 15 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 14,5, а кај странските за 15,3 отсто.

Во првите осум месеци оваа година за 16,1отсто е зголемен бројот на ноќевања во однос на истиот период 2017 година и тоа кај домашните туристи има зголемување за 14,8 отсто, а кај странските за 18 проценти.
 

Содржината е прочитана 42 пати.