Инфо

Почна аплицирањето за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко

Висината на поддршката изнесува четири денари за литар овчо и козјо млеко и 3,5 денари за кравјо млеко

среда, 10 октомври 2018

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека веќе можат да се поднесуваат барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2018 година.

Висината на поддршката изнесува четири денари за литар овчо и козјо млеко и 3,5 денари за кравјо млеко.

Рокот за аплицирање е до 5 ноември 2018 година. Барањата се поднесуваат електронски во подрачните единици на Министерството за земјоделство, каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

На 5 ноември 2018 година, исто така завршува и рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од 1 мај до 30 септември 2018 година. Висината на поддршката е 100 денари за купена и внесена несиика во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца.

Овие барања се поднесуваат во писарницата на Платежната агенција, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата и потребната документација може да се подигнат во Агенцијата или да се преземат од www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2018“, „Обрасци“.

 

Содржината е прочитана 53 пати.