Бизнис вести

Викендов електронско аплицирање за ЕКМТ дозволи

Аплицрањето може да се направи на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk

среда, 10 октомври 2018

Викендов од сабота 13 октомври во 0:00 часот до понеделник 15 октомври во 23:59:00 часот ќе се спроведува годишно електронско аплицирање за распределба на ЕКМТ дозволи за 2019 година и изготвување листа на превозници и резервирани поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2019 година, информира Министерството за транспорт и врски.

„Трговските друштва кои имаат важечки лиценци за меѓународен јавен превоз на стоки (за ЕКМТ дозволи и поединечни транспортни дозволи-резервација) и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби (за поединечни транспортни дозволи-резервација), аплицирањето можат да го направат на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk“, соопшти Министерството.

 

Содржината е прочитана 30 пати.