Инфо

Од денеска до недела 44. Саем на мебел во СЦ„Борис Трајковски“

Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, а цената на влезниците е 100 денари

вторник, 09 октомври 2018

Годинашниот 44. Саем на мебел од денеска до недела ќе се одржува во комплексот на ВИП арената „Борис Трајковски“ каде околу 70 изложувачи со повеќе од 150 брендови ќе ги претстават најновите трендови во производството на мебел. Покрај изложувачите од Македонија, на Саемот ќе се има и изложувачи од Србија, Косово, Италија и од Бугарија.

На вкупна површина од 8.000 кадратни метри ќе бидат поставени два мултифункционални енергетско-ефикасни монтажни објекта.

Во рамки на Саемот утре во органзиција на Групацијата „Скопски Саем“ и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се организира дебата на тема „Оригинал и копија – колку е навистина важен автентичнот дизајн и колкава е потребата да се биде оригинален“.

Саемот на мебел ќе биде отворен од 10 до 20 часот. Влезницата чини 100 денари, додека за организирани групни посети на ученици 50 денари. За прв пат годинава, ќе може да се набави билет и преку „МК тикетс“.

За полесен пристап до саемската манифестација ЈСП воведе две вонредни автобуски линии со броеви „100“ и „200“ од Ново Лисиче и Дексион до ВИП арената „Борис Трајковски“ и обратно.
 

Содржината е прочитана 27 пати.