Инфо

ММФ ги намали прогнозите за светската економија на раст од 3,7 отсто

Причина за прогнозираниот намален раст е зголемувањето на каматните стапки и интензивирањето на тензиите во трговијата

вторник, 09 октомври 2018

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите прогнози за светската економија поради зголемувањето на каматните стапки и интензивирањето на тензиите во трговијата.

Според прогнозите на ММФ, светската економија ќе забележи раст од 3,7 отсто оваа година, исто како и претходната, што, сепак, е помалку од предвидувањата на ММФ објавени во јули.

Финансиската институција ги намали прогнозите за 19-те земји кои го користат еврото, како и за Латинска Америка, Блискиот Исток и Субсахарска Африка.

ММФ очекува економијата на САД годинава да забележи раст од 2,9 отсто, но да забави до раст од 2,5 отсто следната година, поради намалувањето на ефектот од неодамнешните намалувања на даноците и трговската војна со Кина.

ММФ ја намали прогнозата за еврозоната до раст од два проценти, наместо очекуваните 2,2 отсто, поради трговските тензии со САД и загриженоста во врска со Брегзит. Финансиската институција го намали проектираниот раст по вторпат оваа година. Во април, ММФ очекуваше раст од 2,4 отсто во еврозоната.

Прогнозата за Јужна Кореја е раст од 2,8 отсто, наместо досегашните три проценти раст на БДП во четвртата светска економија.

 

Содржината е прочитана 52 пати.