Инфо

Трошоците за живот пораснале за 1,5 отсто за една година

Статистичките податоците покажуваат дека цените на мало во септември 2018 година, во споредба со септември лани забележан е пораст од 2,6 отсто

понеделник, 08 октомври 2018

Трошоците на животот во септември оваа година се намалиле за 0,1 отсто во однос на август, но во споредба со септември лани, пораснале за 1,5 отсто. И цените на мало овој септември паднале во однос на претходниот месец и тоа за 0,7 отсто, но, сепак се за 2,6 проценти повисоки во споредба со септември 2017 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо намалување на индексите на трошоците на животот во септември годинава, во споредба со претходниот месец има кај свежото и разладеното овошје за 2 отсто, додека кај другите прехранбени производи намалувањето е под еден процент, односно, за 0,8 отсто. Кај сирењето и урдата е забележано намалување од 0,5 отсто, кај маслото и маснотиите, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,4 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,3 отсто, брашното и другите жита, замрзнатиот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 0,2 отсто.

Намалување има и кај авионскиот превоз на патници за 16,2 отсто, кј услугите за сместување за 6,4 отсто, информатичката опрема за три отсто, парамедицинските услуги за 2,4 отсто, велосипедите, туристичките-пакет аранжмани за 1,9 отсто и т.н..

Трошоците на животот во септември пораснале во споредба со август кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови и тоа за 7,4 отсто, кај замрзнатото овошје за 0,7 отсто и кај конзервираното овошје за 0,6 отсто, потоа рибата и морските плодови поскапеле за 0,5 отсто, млекото за 0,4 отсто, преработки од месо и алкохолните пијалаци за 0,3 отсто.

Исто така, во септември годинава пораснале и индексите на трошоците на животот кај течните горива за домаќинствата за 2,8 отсто, кај средствата за чистење и одржување за 2,6 отсто, гасот за домаќинствата за 2 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1,6 отсто, потоа, за 0,5 проценти поскапел мебелот, угостителските услуги за 0,4 осто, а телефон и телефакс-опремата, услугите за лична хигиена за 0,3 отсто.

 

Содржината е прочитана 27 пати.