Инфо

Нови автобуски линии „100“ и „200“ за Саем на мебел

Двете привремени линии ќе сообраќаат од Ново Лисиче и од Дексион до СЦ „Борис Трајковски“

понеделник, 08 октомври 2018

Од утре, вторник (9 октомври) до недела (14 октомври) ЈСП ќе вклучи две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе се одржува Саем на мебел 2018.

Од претпријатието информираат дека во редовен линиски превоз ќе бидат
линиите „100“ и „200“, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.

Линијата „100“ ќе сообраќа на 1 час и 20 минути и го има следниот возен ред:

Од Ново Лисиче ќе тргнува во: 11 ч, 12,20 ч. 13,40 ч, 16,00 ч, 16,20 ч и во 17,40 часот.

Од СЦ „Борис Трајковски“ ќе тргнува во: 11,40 ч, 13 ч, 14,20 ч, 15,40 ч, 17 ч и последниот во 18,20 часот.

Трасата на движење на линијата „100“ ќе биде ул. „Февруарски поход“, бул. „Видое Смилевски Бато“, бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Кочо Рацин“, ул. „11. Октомври“, ул. „Димитрие Чуповски“, бул. „Св. Климент Охридски“, бул. „Партизански одреди“, ул. „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Линијата со број „200“ исто така ќе вози на 1 час и 20 минути.

Од Дексион ќе тргнува во: 11,20 ч, во 12,40 ч, 14 ч, 15,20 ч, 16,40 ч и во 18 часот.

Од СЦ „Борис Трајковски“ кон Дексион ќе тргнува во: 12 ч, 13,20 ч, 14,40 ч, 16 ч, 17,20 ч и во 18,40 часот.

Автобусите со број „200“ ќе се движат по следната траса: ул. „Црногорска“, ул. „Кузман Шапкарев“, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, ул. „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.
 

Содржината е прочитана 30 пати.