Бизнис вести

Џеф Безос прв на листата најбогати во САД со 160 милијарди долари

Според магазинот „Forbes“ богатството на 400 најбогати луѓе во САД во 2018 година достигна рекордни речиси 3.000 милијарди долари, што е за 7 отсто повеќе од минатата година

петок, 05 октомври 2018

По 24 години, Бил Гејтс веќе не е најбогатиот човек во САД. Според магазинот „Forbes“, оваа година лидерската позиција ја презема основачот и сопственик на онлајн-трговската компанија „Amazon“, Џеф Безос со богатство проценето на 160 милијарди долари.

Богатството Бил Гејтс, пак, еден од основачите на „Microsoft“, е проценето на 97 милијарди долари.

На трето место на листата на „Forbes“ се најде инвеститорот Ворен Бафет со 88,3 милијарди долари, а по него следуваат основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг со 61 милијарди долари, Лари Елисон, кој ја предводи компанијата за компјутерски програми „Oracle“ со 58,4 милијарди долари и генералниот директор на „Alphabet“, Лари Пејџ со богатство од 53,8 милијарди долари.

На седмо и осмо место се наоѓаат браќата Чарлс и Дејвид Кук, генерален менаџер и извршен потпретседател на семејната компанија „Koch Industries“ со богатсво проценето на по 53,5 милијарди долари поединчено, претпоследен, односно девети на листата е претседателот на „Alphabet“, Сергеј Брин со 52,4 милијарди долари, а последен од Топ 10-ката на „Forbes“ е Мајкл Блумберг, основач на истоимената агенцијата за бизнис информации, со богатство
проценето на 51,8 милијарди долари.

Богатството на 400 најбогати луѓе во САД наведени во магазинот „Forbes“ во 2018 година достигна рекордни речиси 3.000 милијарди долари, што е за 7 отсто повеќе од минатата година.

 

Содржината е прочитана 30 пати.