Бизнис вести

На 1 ноември почнува зимската сезона за користење јавни површини во Скопје

Заинтересираните за добивање одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор и одобрение за поставување урбана опрема барањата за зимската сезона 2018-2019 треба да ги достават во архивата на Град Скопје најдоцна до 31 октомври годинава

четврток, 04 октомври 2018

Градот Скопје ги информира сите корисници на јавни површини за вршење дејност надвор од деловен простор и поставување урбана опрема дека зимската сезона почнува од 1 ноември оваа година и ќе трае до 30 март 2019 година.

Заинтересираните за добивање одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор и одобрение за поставување урбана опрема барањата за зимската сезона 2018-2019 треба да ги достават во архивата на Град Скопје најдоцна до 31 октомври годинава.

Барањето може да се најде на веб порталот на Град Скопје www.skopje.gov.mk, или во архивата на Град Скопје – барака 16.

„Корисниците на јавни површини кои имаат одобрение од зимската сезона 2017-2018 година, треба да го достават стариот елаборат (оригинал), нова тековна состојба, за сопствен имот - имотен лист за деловниот простор и дворното место и катастарски план за парцелата“, се вели во соопштението од Град Скопје.

По доставениот доказ за исполнетите обврски кон Градот и Општините, Градот се обврзува во рок од пет работни дена да го издаде бараното одобрение.

Заинтересираните можат да добијат дополнителни информации на телефоните: 3297 209 и 3297 247.


 

Содржината е прочитана 329 пати.