Бизнис вести

СБ: Македонската економија закрепнува, позитивните движења зависат од реформските процеси

Светска банка препорачува структурна реформа фокусирана на креирање опкружување за продуктивен конкурнетен приватен сектор, а од друга страна инвестирање во човечки капитал

четврток, 04 октомври 2018

Македонската економија оваа година значително закрепна во однос на 2017 година. Се очекува годинава економијата да забележи раст од 2,5 проценти, следната 2,9 проценти и во 2020 година да има раст од 3,2 проценти. На ваквите очекување може да влијае нарушувањето на реформскиот процес под влијание на изборните циклуси и неисполнување на фискалната консолидација.

Ова е оценката на Светска банка во редовниот економски извештај за Западен Балкан, што денеска беше презентиран во Канцеларијата на оваа меѓународна финансиска институција во Скопје.

„Македонија забележа најголем напредок од шесте балкански земји од минатата година. До 2020 година се очекува постепен раст, меѓутоа, чувствувителноста на претпоставките за нашиот изглед е забзување на процесот на пристапување во ЕУ и одржаниот момент на реформите“, рече директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели, додавајќи дека ќе ги следат состојбите и ќе ги земат предвид при следните проекции.

Експертите од Светска банка оценуваат дека во 2018 година се гледаат позитивни движења поддржани од приватните инвестиции и потрошувачката

„Се забележува пораст по квартали, има пораст на индустриското производство од 5,6 проценти, движено од странските директни инвестиции и дел од домашнпто индустриско закрепнување. Градежништвото има негативен пораст во првата половина од 2018 година, последица од запирањето на изградбата на дел од автопатиштата. Има поврат на динамиката на приватните инвестиции во високоградбата, пораст на приватната потрошувачка поддржана од порастот на платите, пензиите“, рече економистот на СБ, Бојан Шимбов кој очекува да се забрза приватната портошувачка во втората половина на годината, како и ивестициите во градежништвото.

На краток рок економистите и советуваат на Македонија да се фокусира врз стабилизирање на јавниот долг, што годинава порасна на 49 проценти, што е можно доколку се спроведе одредено приспособување.

Според Мантованели, добро е што оваа година е намален дефицитот, со што се креира простор за продуктивни инвестиции во човечкиот капитал и помала потреба да се финансираат дефицити за повторно задолжување.
Светска банка препорачува структурна реформа фокусирана на креирање опкружување за продуктивен конкурнетен приватен сектор, а од друга страна инвестирање во човечки капитал.

Светска банка очекува дека јавниот долг годинава ќе достигне до 50 проценти.

Позитивна вест, како што рече, е што е намалена стапката на невработеност и што се очекува таа да достигне историски најниско ниво од 20,4 проценти, но се затскрива одредена неактивност, односно на оние кои не работат или не сакаат да работат.
 

Содржината е прочитана 30 пати.