Инфо

Бесплатен јавен превоз во Скопје за „Бела ноќ“

четврток, 04 октомври 2018

ЈСП се приклучува на „Бела ноќ“ што викендов се одржува во Скопје и им излегува во пресрет на сите граѓани кои сакаат да се забавуваат така што јавниот превоз во главниот град ќе биде бесплатен во периодот од 19 часот во сабота до 6 часот во недела.

Од ЈСП информираат дека по повод манифестацијата „Бела ноќ“, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот.

 

Содржината е прочитана 85 пати.