Инфо

Германија ќе дава визи и на квалификувани работници

Барателите на виза ќе мора да докажат дека може сами да се издржуваат и дека зборуваат германски

вторник, 02 октомври 2018

Германската Влада соопшти дека ќе го прошири системот на шестмесечни визи и со тоа ќе им овозможи на луѓето кои доаѓаат надвор од Европската унија да побараат работа во таа држава. На тој начин Германија ќе го надмине недостигот од квалификувани работници.

Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер изјави дека визите што сега се достапни само за луѓе со високо образование, ќе бидат проширени и на лица со квалификации за одредени професии. Сепак, тој појасни дека Германија не сака имиграција во системот на социјално осигурување, што значи дека барателите на виза ќе мора да докажат дека може сами да се издржуваат и дека зборуваат германски.

Министерот за труд, Хубертус Хајл, пак, рече дека владата се договорила за прагматично решение за одбиените баратели на азил кои имаат работа во Германија и се добро интегрирани, да им обезбеди сигурен статус со цел да не се враќаат назад погрешни луѓе, а потоа повторно да се регрутираат квалификувани работници од трети земји.
 

Содржината е прочитана 71 пати.