Инфо

Гитa Гопинат е првата жена главен економист на ММФ

Гопинат ќе го замени Морис Опстфелд, кој ќе замине во пензија до крајот на годинава

вторник, 02 октомври 2018

Гитa Гопинaт, професор на Универзитетот „Харвард“ е назначена за нов главен економист на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со што таа стана првата жена именувана на оваа престижна позиција на меѓународната финансиска институција.

Гопинат ќе го замени Морис Опстфелд, кој ќе замине во пензија до крајот на годинава.

Гопинат е професор по меѓународни студии и економија на Универзитетот „Харвард“. Истовремено е и еден од уредниците на „Американ економик ривју“,еден од уредниците на Прирачникот за меѓународна економија, како и еден од директорите на Програмата за меѓународно финансирање и макроекономија во Националната канцеларија за економски истражувања. Таа има напишано околу 40 научни статии за курсеви, трговија и инвестиции, за меѓународните финансиски кризи, монетарната политика, долгите и новите пазарни кризи.

Гита Гопинат е родена и израсната во Индија, а сега е американски државјанин. Дипломирала на Универзитетот во Принстон во 2001 година.

 

Содржината е прочитана 103 пати.