Култура

Министерката за култура Канческа-Милевска ќе се обрати на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска од денеска престојува во работна посета на Република Франција каде што ќе се обрати на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, која се одржува во француската метропола.

четврток, 05 ноември 2015

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска од денеска престојува во работна посета на Република Франција каде што ќе се обрати на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, која се одржува во француската метропола. Одржувањето на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО годинава е во знакот на одбележувањето на големиот јубилеј,- 70 години од востановувањето на оваа еминентна организација на Обединетите нации.

Исто така, во рамките на престојот во Република Франција, Канческа-Милевска денеска ќе го посети и македонскиот штанд на Меѓународниот саем за културно наследство кој од 5 до 8 ноември се одржува во престижниот изложбен простор Карусел во рамките на славниот музеј Лувр во Париз. Република Македонија за првпат учествува на овој саем кој ги обединува професионалците од областа на заштитата на материјалното и нематеријалното културно наследство од цел свет. На штандот посветен на нашата земја, преку публикации, видеа и други видови промотивни материјали, ќе биде презентирано богатото културно наследство.

Министерката за култура Канческа-Милевска, која е претседател на Националната комисија за УНЕСКО, во текот на утрешниот ден е предвидено да оствари и официјална средба со генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, на која ќе се разговара за досегашната соработка и за идните активности меѓу Република Македонија и УНЕСКО. 

Содржината е прочитана 472 пати.