Бизнис вести

Анѓушев: „Македонија даде јасен сигнал дека сака да биде дел од европското семејство“

Вицепремиерот за економски прашања учествува на панелот „Регионална соработка, предизвици и перпсективи“ кој е дел до Самитот на 100 бизнис лидери од Југоисточна Европа што се одржува во Белград

понеделник, 01 октомври 2018

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев овие два дена учествува на панелот „Регионална соработка, предизвици и перпсективи“ кој е дел до Самитот на 100 бизнис лидери од Југоисточна Европа што се одржува во Белград, а на ој учествуваат преку 200 деловни лидери од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Албанија.

Потенцирајќи дек е неопходно да се отстранат административните бариери и да се направи заеднички пазар и дека државите треба да се занимаваат со проекти кои ќе обезбедат логистика за бизнисот, Анѓушев истакна дека Македонија даде јасен сигнал дека сака да стане дел од европското семејство.

„Македонија даде јасен сигнал дека сака да стане дел од европското семејство, расте бројот на странските директни инвестиции, ги изедначивме критериумите за домашните и странските инвеститори“, рече вицепремиерот.

Според него, две работи се важни. Првата е дека Македонија е на добар пат со Законот за финансиска поддршка на индустријата и на инвестициите, со кој нуди брза индустријализација на земјата. Со тоа, како што истакна Анѓушев ќе се овозможи најстабилен развој на долг рок.

Вториот предуслов, додаде, за секој инвеститор е стабилна држава и вледеење на правото, а тоа е токму тоа што во моментот го правиме, интензивно се приближуваме до евроатлантските организации.

„Таквите интеграции нудат поголема сигурност за инвестриторите. Она што се случува во државата е признаено како позитивно, бројот на инвеститори се зголемува, само во последната гоидина имаме 16 нови такви договори и тие ќе се множат во следните години. Тоа, во регионот е препознаено како позитивен пример и мислам дека треба да опстоиме на патот на евроатласките интеграции на нашата држава. Последните случувања во нашата држава, само кажуваат дека сме на добар пат“, рече Анѓушев.

 

Содржината е прочитана 48 пати.