Инфо

Горивата поскапуваат за еден денар

Новата цена на БС-98 ќе изнесува 75 денари, а на дизелот 67 денари за литар

понеделник, 01 октомври 2018

Од ноќеска на полноќ цената на горивата се зголемува за еден денар по литар.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука да се зголеми рафинериската и малопродажната цена на нафтените деривати во просек за 3,03, односно за 1,98 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 67 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 55,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,399 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и тој ќе се продава по 35,75 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,17 отсто зголемената просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,53 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

 

Содржината е прочитана 21 пати.