Инфо

Од денеска зимско работно време на јавните паркинзи во Скопје

понеделник, 01 октомври 2018

Јавните паркиралишта во Скопје со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ од денеска работат со зимско работно време.

Од ЈП „Градски паркинг“ информираат дека работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок од 7 до 21 часот, а во сабота од 7 до 14 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно, од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

 

Содржината е прочитана 37 пати.