Инфо

Во Белград почнува Самит на 100 бизнис лидери

На Самитот преку панел ќе се обрати и потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев

понеделник, 01 октомври 2018

Во Белград денеска почнува дводневен, седми Самит на 100 бизнис лидери. На Самитот ќе учествуваат експерти и министри од регионот кои ќе расправаат за најразлични теми како мобилност во работата, енергетска одрживост, брендирање на регионот и друго.

На присутните преку панели ќе се обратат македонскиот заменик премиер Кочо Анѓушев, министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ.

Главна тема се очекува да биде и како да се искористи четвртата индустриска револуција како отскочна даска и на тој начин да се направи „квантен“ скок до развиениот и глобално конкурентниот регион.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 54 пати.