Инфо

По 10 години, од 1 ноември повторно стартува авионската линија Скопје - Атина

Летови ќе има два пати неделно, секој вторник и четврток, а линијата ќе ја опслужува најголемиот грчки авиопревозник, авиокомпанијата „Aegean Airlines“

петок, 28 септември 2018

Од 1 ноември повторно ќе биде воведена авионската линија Скопје – Атина. Летови ќе има два пати неделно, секој вторник и четврток, а линијата ќе ја опслужува најголемиот грчки авиопревозник, авиокомпанијата „Aegean Airlines“, потврдуваат за МИА од компанијата.

Двата главни града ќе ги поврзе авион на „Olympic air“, подружницата на „Aegean airlines“, а летовите ќе бидат со авион „Q400“ со капацитет од 78 патници. На сајтот на компанијата веќе има можност за резервација на билети. Повратен билет ќе чини најмалку 100 евра.

Распоредот на летови е за период од 1ноември 2018 до 28 март 2019 година според зимската програма на компанијата, а дополнително ќе биде објавен летниот распоред. Според распоредот, секој вторник авионот од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, односно во 9,45 од Скопје по македонско време. Во четврток, летот од грчката престолнина е во 18,40 часот, а од македонската во 19,25 часот. Од Скопје до Атина и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.

Скопје и Атина беа директно поврзани со редовна линија од 2003 година, но потоа лнијата беше прекината поради преименувањето на скопскиот аеродром. Последниот лет меѓу главните градови на Македонија и Грција беше во 2007 година.

 

Содржината е прочитана 45 пати.