Бизнис вести

„ОВД електрик“ го проширува производството во земјата, најавени 90 нови вработувања

Германската компанија во моментот вработува 310 лица во својот објект со површина од 4.500 квадратни метри, а со новата инвестиција вредна 4,2 милиони евра, производствениот простор се удвојува и ќе изнесува околу 10.000 квадрати

четврток, 27 септември 2018

Германската компанија „ОДВ електрик“, која работи во технолошко-индустриската развојна зона Струга/Охрид почнува со реализација на втората фаза на инвестицијата со изградба на нов дополнителен производствен капацитет од 4.500 квадратни метри. Инвестицијата е во вредност од 4,2 милиони евра и ќе обезбеди нови 90 вработувања.

Директорот на ДТИРЗ, Александар Младеновски и главниот извршен директор на компанијата „ОДВ електрик“, Мартин Ехрет вчера го потпишаа Меморандумот за втората фза од проектот.

„Компанијата ’ОДВ’ во моментот вработува 310 лица во својот објект со површина од 4.500 квадратни метри, а со новата инвестиција производствениот простор се удвојува и ќе изнесува околу 10.000 квадрати“, рече Младеновски.

Министерот за економија, Крешник Бектеши потенцираше дека стопанствениците ја препознаваат владината политика за реална економија, па често ги удвојуваат или трикратно ги зголемуваат своите инвестици.

„Многу важно во оваа втора фаза на инвестиција на ‘ОДВ електрик’ е што во новиот погон се планира вработување високоедуциран кадар, што значи дека се отвораат подобро платени работни места, што е и во фокусот на Владата. Подобри плати и повисок стандард за граѓаните на Република Македонија“, дополни Бектеши.
 

Содржината е прочитана 62 пати.