Инфо

Во Автокоманда ќе се гради нова поликлиника

Новиот објект ќе биде на местото на сегашната дотраена зграда на амбулантата

четврток, 27 септември 2018

Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски вчера ги посетија амбулантите во Автокоманда и во Железара, како и поликлиниката во Ченто.

Тие ја увидоа состојбата во која се наоѓаат овие здравствени установи, информираат од Општина Гази Баба.

Градоначалникот Георгиевски најави дека на местото на старата и дотраена зграда на амбулантата во Автокоманда, која, како што рече, одамна не нуди достојна здравствена услуга за потребите на граѓаните, ќе се гради сосема нова поликлиника.

„Изградбата на новата поликлиника е стратешки добар објект кој ќе биде лесно достапен за сите граѓани на општината и ќе ја доближи примарната и секундарната здравствена заштита до граѓаните. Општината е во фаза на донесување детална урбанистичка документација каде што со новата поликлиника ќе има и други придружни содржини од делот на здравството и социјатата кои ќе овозможат граѓаните од Автокоманда на едно место да ги добијат најнеопходните здравствени и социјални потреби“, посочи Георгиевски.

Во амбулантата Железара и поликлиниката Ченто, кои се во добра инфраструктурна состојба, ќе се работи на доопремување на кабинетите, како и на доекипирање и усовршување на кадрите.

 

Содржината е прочитана 66 пати.