Бизнис вести

Потврдени повеќе од 60 говорници на 7. Самит Македонија2025

Присутните на Самитот, што ќе с еодржи од 7. до 10. Ноември во хотел „Мериот“ во Скопје, ќе имаат единствена можност да ги слушнат последните светски трендови во бизнисот, да се вмрежат со исклучителни професионалци и да остварат нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори

среда, 26 септември 2018

Самитот Македонија2025 што годинава по седми пат го организира Меѓународната невладина организација Македонија2025, ќе се одржи од 7 до 10 ноември во хотелот „Мериот“ во Скопје.

На Самитот кој претставува динамична платформа за споделување знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, ќе присуствуваат преку 60 врвни говорници и публика составена од над 400 учесници, кои ќе имаат единствена можност да ги слушнат последните светски трендови во бизнисот, да се вмрежат со исклучителни професионалци и да остварат нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Меѓу говорниците на Самитот Македонија2025 ќе бидат: Кевин Мурнејн – професор на Келог школата за менаџмент, САД; Гасан Хасбани – заменик-премиер и министер за здравство на Либија; Ентони Б. Ким – менаџер за истражување и уредник на индексот за економска слобода во The Heritage Foundation, САД; д-р Џорди Серано Понс – основач и главен извршен директор на UniversalDoctor, Швајцарија, Јаир Енгел – основач и директор на Kayama – Центар за одржлив дизајн, Израел; Кетрин Константинидес – светски познат филантроп, активистка и претприемач од Јужна Африка и многу други.

Годинава за првпат организаторите најавуваат тридневна програма исполнета со над 10 тематски дискусии и 4 „break-out“ сесии, кои ќе покријат широк спектар на теми како светски економски трендови, регионални инвестиции, лидерство, претприемништво. Ќе се зборува и за дигиталната трансформација, примената на последните технологии во медицината, како и за произдводството на медицински канабис во Македонија. Посебен акцент ќе биде ставен на филантропијата и возвраќањето кон татковината, преку добротворната гала-вечер во чест на Џон Битов Постариот, прославувајќи 10 години од формирањето на организацијата и седум години од Самитот Македонија2025.

Организаторот информира дека редовната регистрација за Самитот е отворена до 30 септември со поволности за мали и средни компании, а доцната регистрација започнува веќе од 1 октомври 2018 година.

Заинтересраните може да се регистрираат на официјалната веб-страница: http://www.mk2025summit.com.
 

Содржината е прочитана 54 пати.