Инфо

Дестинација Македонија – најголемата кампања за патувања дома!

Започна најголемата кампања за патувања во државава која ја реализира водечкиот сајт за групни попусти и воедно лидер во е-трговијата Grouper.mk!

среда, 26 септември 2018

Започна најголемата кампања за патувања во државава „Дестинација Македонија“ што веќе четврта година по ред ја реализира водечкиот сајт за групни попусти Grouper.mk! Кампањата ќе трае до 15 ноември.

Кампањата нуди огромен избор локални патувања по неверојатно ниски цени, а на корисниците ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта и ќе им ги покаже сите „скриени“ места и активности во Македонија кои чекаат да бидат истражени!

За оваа кампања, Grouper.mk креираше водич од 101 зделка со примамливи цени, за сите вистински љубители на патувањата, историјата, недопрената природа, вкусна традиционална храна и авантури, со цел да се доживее, искуси и вкуси Македонија, на вистински начин!

Патувачите оваа сезона ќе имаат прилика да уживаат во огромен број локации, сместувачки капацитети и доживувања, меѓу кои и Bestseller хотелите во прекрасна природа како „Радика“ Маврово и „Калин“ Лазарополе, во релаксирачките спа центри на хотел „Изгрев“ во Струга и хотел „Тино“ во Охрид, вкусна храна и добро вино во винарија „Стоби“ и „Попова кула“, па сé до летање со параглајдер и јавање коњи на Галичник.

Кампањата Дестинација Македонија се очекува да биде најдобра до сега, со многу подароци, изненадувања и големи попусти! Исто така, за време на кампањата, Grouper, во партнерство со Mastercard најавува дополнителна заштеда за сите оние патувачи кои ќе купат некоја од зделките од Дестинација Македонија со својата Mastercard картичка.

Повеќе информации за кампањата и изненадувањата кои ги подготви Grouper.mk можете да најдете на нивниот блог.

 

Содржината е прочитана 19 пати.