Инфо

Југоисточниот регион со најголемо учество во бруто-додадената вредност во земјоделството

Учеството на југоисточниот регион изнесува 29,7 проценти, а по него следи Пелагонискиот со 22,1 отсто

понеделник, 24 септември 2018

Југоисточниот регион со 29,7 проценти има најголемо учество во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека на второ место е Пелагонискиот со 22,1 отсто, додека учеството на Североисточниот и на Југозападниот регион е 4,2 проценти.

Според Статистика, во 2016 година во создавањето на вредноста на растителното производство најголемо учество имал Југоисточниот регион со 35,9 отсто, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство Пелагонискиот со 19,9 проценти.
 

Содржината е прочитана 42 пати.