Инфо

Стапија во сила новите американски царини од 200 милијарди долари против Кина

Новововедените царини во засега ќе изнесуваат 10 проценти, но од почетокот на 2019 година треба да достигнат 25 проценти

понеделник, 24 септември 2018

Стапија во сила новите американски царини на кинески производи во вредност од 200 милијарди долари. Кина веднаш реагираше со контрамерки и воведе нови царини на производи од САД во вредност од 60 милијарди долари.

Новововедените царини во засега ќе изнесуваат 10 проценти, но од почетокот на 2019 година треба да достигнат 25 проценти.

Американските царини, всушност, се само продолжение на веќе воведените зголемени давачки на производи со потекло од Кина во вредност од 50 милијарди долари. Со ова, сега се опфатени речиси половината од увезуваните стоки од Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна се закани дека доколку Кина одлучи да с еодмаздува со контрамерки, САД ќе започне трета фаза од специјалните царински давачки за кинески производи, во вредност од 267 милијарди долари, што практично би значело под специјален царински режим да се најде целокупниот увоз од Кина.

 

Содржината е прочитана 59 пати.