Инфо

Во сабота изменет режим на сообраќај по „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“

Привремениот режим на дел од сообраќајниците ќе биде воведен поради Европската недела на мобилноста

петок, 21 септември 2018

Поради одржување на активностите од Европската недела на мобилноста 2018, во сабота (22 септември) во периодот од 10 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај делови од улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“, на потег од крстосницата со улицата „Даме Груев“ и булеварот „ВМРО “до улицата „Филип Втори Македонски“. Сообраќајот во тој период ќе биде пренасочен по околните улици.

Од Градот Скопје информираат дека автобусите на јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите што застануваат на автобуските стојалишта „Центар Рекорд“, а се движат од запад кон исток ќе бидат пренасочени преку улицата „Даме Груев“, додека тие што возат во обратен правец ќе бидат пренасочени преку улицата „Свети Кирил и Методиј“.
 

Содржината е прочитана 142 пати.