Култура

Руската „Заспана убавица“ на мраз на 1 декември во МОБ

Балетскиот спектакл на делото на Петар Илич Чајковски на македонската публика ќе и го пренесе Државиот балет на мраз од Санкт Петербург

петок, 21 септември 2018

Државниот балет на мраз од Санкт Петербург доаѓа повторно во Скопје. На 1 декември оваа година македонската публика ќе има можност да ужива во балетскиот спектакл на мраз на претставата „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски, која што овој ансамбал ја изведува на речиси сите светски балетски и оперски сцени, а овој пат и на сцената на Македонската Опера и Балет.

Билетите за „Заспаната убавица” на мраз ќе бидат пуштени во продажба од вторник (25 септември) и може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, на билетарницата на МОБ, во „Пола Југотон“ и во цвеќарницата „Розе” – Веро 2.

Инаку, ова е не е прво гостување на рускиот Државен балет на мраз од Санкт Петербург. Пред две години настапи со балетското ремек-дело „Лебедово езеро” и побуди голем интерес кај македонската публика, па наместо планираните две претстави, одржа четири. Лани беше изведена „Оревокршачка” на мраз, која исто така ј воодушеви публиката.

 

Содржината е прочитана 42 пати.