Инфо

Кредитите ќе поевтинат кога Македонија ќе влезе во ЕУ

Банкарите велат дека со влезот во ЕУ ќе се намалува каматната маргина, која во моментов изнесува 5 отсто, бидејќи ќе има притисок на активноста на банките и на инвестициите

среда, 19 септември 2018

Македонските граѓани очекуваат да поевтинат кредитите откако земјава ќе влезе во ЕУ, а истовемено банките да ги намалат своите заработувачки. Банкарите велат дека тогаш ќе се намалува и каматната маргина, бидејќи ќе има притисок на активноста на банките и на инвестициите.

Каматната маргина, што претставува разлика меѓу каматите на кредитите и оние на штедењето, во моментов изнесува 5 отсто и е на слично ниво со земјите во регионот, но разликата е повисока во однос на земјите од регионот.

„Но кога ќе стигнеме во ЕУ, секако дека таа маргина и натаму ќе се намалува, а и тоа е под притисок на инвестициите и активностите на банките. Ако работиме само намалување на маргтината, без инвестиции, самите банки би биле помалку профитабилни, а стабилни и профитабилни банки се многу битни за една економија“, вели Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ банка.

Со спуштањето на основната камата од страна на НБМ, банките намалија дел од каматите за штедните влогови, за станбените и потрошувачките кредити. Кај фирмите бараат добри проекти.

„Раздвижување има кај банките, ние бараме добри проекти, кај компаниите има позитивни движења, се повеќе зборуваат и за користење на ИПАРД парите. Генерално, за компаниите и за банките е потребна стабилност и предвидлива иднина“, вели Аргир.
 

Содржината е прочитана 28 пати.