Култура

„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески е македонски кандидат за Оскар

среда, 19 септември 2018

Филмот „Исцелител“, во режија на Ѓорче Ставрески ќе биде национален кандидат на Република Македонија за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје" за 2019 година, соопшти денеска Друштвото на филмски работници. (ДФРМ).

Одлуката, која е прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука ја донесе комисија во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актер, Амернис Нокшиќи – актер, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематографер.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи, се вели во соопштението од ДФРМ.

 

Содржината е прочитана 67 пати.