Инфо

Половина милион Македонци летово патувале во Грција

Вкупно 1.536.184 туристи поминале на граничниот премин „Богородица“ во периодод од 15 јуни до 15 септември годинава, што во споредба со лани претставува зголемување за околу 15 отсто

среда, 19 септември 2018

Најфреквентниот граничен премин „Богородица“ во периодот од 15 јуни до 15 септември, кој се смета за главна туристичка сезона, на влез и излез од земјава го поминале вкупно 1.536.184 туристи, што во споредба со лани претставува зголемување за околу 15 отсто, изјави денеска за МИА командирката Јасмина Аврамска.

Во изминатиот тримесечен период на излез од земјата биле регистрирани 830.456 патници, од кои 288.377 биле Македонци, а 542.079 биле странски државјани. Истовремено во земјава влегле вкупно 705.728 патници од кои 206.084 биле македонски државјани, а 499.644 биле странци.

Од вкупниот број патници кои за време на главната туристичка сезона транзитирале преку граничниот премин „Богородица“ околу половина милион, или точно 494.461 биле македонски државјани, додека 1.041.723 биле странци.

Преземено од МИА
 

Содржината е прочитана 33 пати.