Инфо

Вработените во градинките ќе земат за 5 отсто повисока септемвриска плата

среда, 19 септември 2018

Околу 4.200 вработени во претшколските установи ќе ја добијат септемвриската плата зголемена за пет отсто.

За таа цел Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика, почнувајќи од месец септември 2018 година, да ги изврши подготовките за исплата на плата која ќе биде исплатена во месец октомври 2018 година, линеарно зголемена за 5 отсто на коефициентите кои се во примена и да го реализира зголемувањето на платите за вработените во детските градинки согласно обезбедените средства во Буџетот за 2018 година.

Оваа мерка што беше усвоена на вчерашната влаидна седница, е дел од Информацијата за зголемување на коефициентите на сложеност на работите во јавните установи за деца-детски градинки во 2018 година.

 

Содржината е прочитана 20 пати.