Култура

Град Скопје објави повик за финансирање проекти од областа на културата

На јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица кои вршат дејност од областа на културата

вторник, 18 септември 2018

Град Скопје објави јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за 2019 година, на кој може да се поднесат предлог-проекти за поддршка на проекти, манифестации и активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското делување во изведбени уметности, музички уметности, визуелни уметности и уметност на новите медиуми, во издавачка и библиотечна дејност и во музејска дејност и промоција на културното наследство, предлог проекти за меѓународна соработка, како и за професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.

На јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица кои вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Поднесените пријави треба да ги задоволуваат и „Целите и критериумите за избор на проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје“, што се дадени во прилог на Јавниот повик кој е објавен на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Апликациите за учество може да се подигнат во Секторот за јавни дејности - Одделение за култура на Град Скопје (барака 2), во Архивата на Град Скопје или од веб порталот на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Јавниот повик ќе трае до 15 октомври 2018 година. Заинтересираните за учество на повикот можат да добијат дополнителни информации на следните телефони: 02/ 3297-324, 02/ 3297-289, или на мејл адресата kultura@skopje.gov.mk.

 

Содржината е прочитана 75 пати.