Здравје/ Убавина

Откриено зошто мажите побрзо слабеат од жените

Според британската организација "Slimming world", станува збор за комбинација на генетски и културолошки фактори како поголем дел на мускулна маса кај мажите кој помага да се забрза метаболизмот

понеделник, 16 септември 2013

Колку пати сме ја слушнале пријателката како се жали: “Мене ми треба еден месец потење и маки да симнам некое кило, а тој два пати ќе отиде на фудбал со другарите и повеќе нема “пивски” стомак”.

Се чини дека ова не е предрасуда, туку вистина – така барем гласи заклучокотг на големото американксо истражување со кое е анализиран напредокот на дури 1.2 милиони претешки или лица со прекумерна тежина, кои се фатиле во костец со своите проблеми и одлучиле да ослабат. Така, испаѓа дека мажите се поуспешни во битката против килограмите отколку жените, затоашто се фокусирани и имаат помалку емотивни прпблеми поврзани со храната.
Кога ќе се соберат сите изгубени колограми и поделат со поделат со испитаниците, мажите просечно топат 7,3 килограми на три месеци, а жените само 5 килограми, пишува orginacija.hr.

Според британската организација "Slimming world", станува збор за комбинација на генетски и културолошки фактори како поголем дел на мускулна маса кај мажите кој помага да се забрза метаболизмот, помал удел на масти во телото, а покрај тоа, мажите ретко кога “наседнуваат” на помодните диети кои ветуваат брза загуба на килограми за кус период.

(Преземено од МИА) 

Содржината е прочитана 839 пати.