Инфо

Државата ќе се задолжи за 50 милиони евра за да врати стари догови

На две аукции ќе се понудат државни хартии од вредност со рочност од една, 3 и 15 години, со каматни стапки од 0,90%, 1,50 и 2,90%

вторник, 18 септември 2018

Државата одново ќе се задолжи на домашниот пазар, за да врати стари долгови. Министерството за финансии објави дека денеска ќе побара заем од над 50 милиони евра од домашните банки и осигурителни компании. На две аукции ќе се понудат државни хартии од вредност и една аукција ќе биде на држвни записи, а обезбедените пари ќе се враќаат во следните една, 3 и 15 години, со каматни стапки од 0,90 отсто, 1,50 и 2,90 отсто.

Уште утре државата треба да ја врати истата сума за да ги покрие достасаните побарувања.

Државниот долг, според Министерството за финансии, заклучно со првото полугодие изнесувал 5,14 милијарди евра, или 47,7 проценти од БДП, а јавниот долг е 4,3 милијарди евра, што претставува 39,9 отсто од БДП.
 

Содржината е прочитана 55 пати.