Инфо

Поскапуваат обичниот бензин и дизелот

Еуросупер БС-95 ќе поскапи за половина денар и ќе чини 72,50 денари литар, а цената на дизелот ќе се зголеми за 1,5 денари и ќе изнесува 66 денари литар. Кај Еуросупер БС-98 нема промени

понеделник, 17 септември 2018

Од ноќеска на полноќ нафтените деривати ќе имаат нова цена, повисока за половина, односно, за денар и половина по литар. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука да ги зголеми рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,6, односно за 1,58 отсто и да поскапат обичиот бензин и дизелот, додека суперот ќе остане со иста цена и во наредните две недели.

Така, според одлкуката на РКЕ, од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе поскапи за 0,50 денари по литар и ќе чини 72,50 денари. Кај ЕУРОСУПЕР БС-98 нема да има промени и тој ќе се продава 74 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе поскапи за 1,5 денари, со што новата цена ќе биде 66 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така поскапува за 1,5 денари и ќе чини 54,50 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе се зголеми за 0,347 денари за килограм и тој ќе се продава по 34,351 денари килограм.
 

Содржината е прочитана 34 пати.