Бизнис вести

Традиционална млекарница „Бучен Козјак“ со нов изглед: нов дизајн за новото време

Производите со новиот изглед ќе бидат достапни на полиците на маркетите од денес 14 септември 2018 година

петок, 14 септември 2018

Една од најстарите млекарници во Македонија „Бучен Козјак“, позната по извонредниот квалитет и уникатниот вкус на своите млечни производи, со цел да се доближи уште повеќе до своите купувачи го редизајнираше корпоративниот идентитет и поголемиот дел од своите производи: јогурт, свежо млеко, кисело млеко и сурутка. Производите со новиот изглед ќе бидат достапни на полиците на маркетите од денес 14 септември 2018 година.

Млекарницата, која е позната по силната традиција и фамилијарност кои ги носи во основата на своите вредности, се одлучи за овој радикален редизајн од повеќе причини: 

1. задржување и зголемено приближување кон своите купувачи
2. одговор на естетските преференции на помладите генерации
3. следење на трендовите на светскиот дизајн на млеко и млечни производи
4. поместување на стандардите за дизајн на македонските млечни производи.

Чистиот, минималистички и строг дизајн се одлика на зрелоста и јасната визија на млекарницата. А, пак, храбрата различност што продуктите на „Бучек Козјак“ ќе ја носат на полица преку новиот дизајн на амбалажата, е одлика на врвниот квалитет и технологија на производство.
На процесот на редизајн на „Бучен Козјак“ им претходеше модернизација и инвестиција во технологијата на производствениот процес и контрола, кои производите ги доведоа до највисок квалитет.

„Во процесот на редизајнирање влеговме одлучно, но и претпазливо, со намера да ја пренесеме јасно пораката до нашите корисници дека сме подготвени за динамиката на сегашноста и идината. Ова не е само редизајнирање на амбалажата, туку нов концепт на размислување, кој е во склад со технологијата и времето во кое делуваме, а со почит кон традицијата и вредностите“, изјави Анита Спасовска, генерален директор на „Бучен Козјак“.

Редизајнирањето на „Бучен Козјак“ е доказ за високите естетски вредности на македонските производители, што, пак, се производ од примената на високи стандарди на млекарницата во своето работење и на индустријата воопшто.

Оваа промена е симптом на развој кај домашните производители, кои се назначајни чинители за економскиот раст на државата и носат оптимизам и прогрес како во индустриската гранка, така и во општеството. А, купувачите и љубителите на млечни продукти, ќе уживаат дополнително во совршено редизајнираните вкусни продукти на млекарницата.

 

Содржината е прочитана 69 пати.