Инфо

Нова мобилна апликација на „Рамстор“

Преку апликацијата која е веќе во функција и им е достапна на потрошувачите, купувачите ќе имаат преглед на понудите во супермаркетите

петок, 14 септември 2018

Синџирот маркети „Рамстор“ денеска официјално ја промовираше новата мобилна апликација, преку која купувачите ќе имаат преглед на понудите во супермаркетите.

Апликацијата, која е веќе во функција и е достапна за потрошувачите, може да се симне преку „App Store“ и „Google Play“. Со најавување преку Рамстор Клуб картичката корисниците ќе имаат можност да бидат известени за актуелните кориснички кампањи но и да имаат увид во поените кои ги имаат на Клуб картичката.

„За нас, нашите потрошувачи се секогаш на прво место и се радувам што отсега можеме да им пружиме уште подобро искуство при купувањето, но и да им помогнеме организирано да заштедат и истовремено да ги добијат најквалитетните производи кои ги нудат ’Рамстор’ маркетите. Топло ја препорачувам на сите наши верни потрошувачи“, рече Ајхан Узун, генерален директор на „Рамстор Македонија“.

 

Содржината е прочитана 29 пати.