Мода

Одлична соработка на дизајнерката Ирина Тошева со младата виолинистка Ева Богоевска

Креативците знаат да се препознаат и да си подарат едни на други. Јас и подарив фустан, а таа гордост на цела нација.

среда, 12 февруари 2014

За соработката со Ева Богоевска при подготовките за нејзината тоалета за настапот со Симфонискиот оркестар на операта и балетот на градот Хо Ши Мин во Виетнам, дизајнерката Ирина Тошева изјави: “Во Ева препознав креативец кој допрва ќе блесне. Се присетив колку е важна поддршката кога почнуваш од талент да градиш вредности што траат. Нејзиниот талент и желба да блесне на сцената ми претставуваше инспирација, но и предизвик бидејќи ова беше нејзината прва тоалета за сцена”.

Одличната изведба на Ева Богоевска на концертот што се одржа под наслов „Sounds from Macedonia“, под диригентската палка на реномираниот диригент Ле Фи Фи, беше гордост за ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ , за директорот на училиштето г. Јован Бицевски, за нејзините професори, нејзината мајка - госпоѓа Марија, но и за целата држава. Севкупноста на нејзината изведба и претставување беше заокружена и со нејзиниот извонреден изглед, за што придонесе креацијата на тоалетата која ја подготви нашата реномирана креаторка, г-ца Ирина Тошева.

Ирина Тошева е македонска модна дизајнерка родена во 1989та година. По завршување на студиите на Академија Италијана во Скопје го продолжува образованието во седиштето на Академијата во Фиренца. Таму работи на бројни проекти како асистент на нејзиниот ментор Лучо Антонучи меѓу кои и подготовките за саемот "Pitti Imagine Filatti" во 2011та на фабриката за производство на текстил, материјали и конци „Monticolor Filatti”. Во Фиренца ја преставува и својата магистерска колекцијата "Make a statement without saying a word" пред бројна публика од модниот свет, а веќе за сезона пролет/лето 2012 се појавува и на Модната недела во Скопје. Од тогаш учествува во скоро сите поначајни модни случувања во државата и во регионот, а со нејзината колекција за пролет/лето 2013 ја започнува соработката со првата македонска онлајн продавница за дизајнерска облека Bastet Noir (bastetnoir.com).

Таа е мотивирана, полна со енергија, креативна, со одлични комуникациски вештини, посветена секогаш на пронаоѓање на подобри решенија. Поседува огромна пасија за уметност, облека и размислува надвор од кутијата. Позната е и како голем активист во невладиниот сектор, ко-основач и директор на „Млади за љубов“ организирајќи разни хуманитарни проекти. 

Содржината е прочитана 624 пати.