Инфо

Саемот за мебел од 9 до 14 октомври во „Борис Трајковски“

За полесен пристап до местото на одржување на саемот ЈСП ќе пушти две вонредни автобуски линии 100/1 и 200/1 со крајна постојка пред ВИП Арената

петок, 14 септември 2018

Саемот за мебел ќе се одржи од 9 до 14 октомври во комплексот ВИП Арена „Борис Трајковски“. За да можат заинтереираните граѓани полесно а пристигнат и да ја посетат манифестацијата, ќе бидат пуштени две вонредни автобуски линии 100/1 и 200/1, со крајна постојка пред ВИП Арената.

Саемот ќе се протега на површина од 8.000 квадратни метри со монтажни хали со екоенергетски конструктивни елементи, двоен под и водоотпорни елементи. Ваквиот тип на хали, како што информираат организаторите, се позитивна пракса на организирање саемски манифестации во Милано, Келн, Минхен, Белград, Софија и Солун.

Над 70 изложувачи ќе ги претстават своите производи со низа попусти и поволности, а покрај домашните ќе учествуваат и изложувачи од Србија, Косово, Бугарија и од Италија. Се очекуваат најмалку 30.000 посетители.

Годинава, во рамки на Саемот ќе се одржат посебни едукативни настани важни за производителите и трговците на мебел, а во соработка со Факултетот за дизајн на ентериер, за прв пат изложувачите ќе бидат оценувани според нови категории.

Билетите ќе бидат по цена од 100 денари, а за групните посети по 50 денари.

 

Содржината е прочитана 49 пати.