Инфо

Започна реконструкцијата на „Партизански одреди“ во Влае

четврток, 13 септември 2018

Стартуваше реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ во населбата Влае. Ќе се работи на потег од мостот „Обединети Нации“ до кружниот тек со улицата „Ацо Шопов“ во должина од околу 850 метри.

Како што рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, активностите ќе се одвиваат во две фази, а ќе ги спроведуваат две различни компании, се со цел работата да се заврши што побрзо, а движењето да биде што е можно помалку отежнато.

За реконструкцијата ќе бидат издвоени околу 19 милиони денари. Предвидено е на овој дел од булеварот, со вкупна должина од 835 метри целосно да биде отстранет стариот асфалт и да се нанесе нов асфалтен слој. Исто така, ќе бидат заменети оштетените шахти и ќе се нивелираат постојните, а ќе се заменат и сите оштетени рабници.
 

Содржината е прочитана 62 пати.