Бизнис вести

Третина од компаниите на Берза работат со загуба

Од прегледот на финансиските податоци на котираните друштва н Македонска берза за првите шест месеци од годинава се забележува дека на врвот на табелата и натаму неприкосновено е банкарскиот сектор

четврток, 13 септември 2018

Од вкупно 101 компанија колку што котираат на Македонската берза, 72 завршиле со добивка, а 29 прокнижиле загуба за првото полугодие од 2018 година.

Македонската берза го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за првите шест месеци од годинава од кој се забележува дека банките се најпрофитабилните компании во државава, односно, на врвот на табелата и натаму е неприкосновен банкарскиот сектор.

Најпрофитабилна во првото полугодие е Стопанска банка АД Скопје се добивка во висина од 1.913.686.000 денари, потоа Комерцијална банка АД Скопје со 1.314.675.000 денари и НЛБ Банка АД Скопје со добивка од 1.175.932.000 денари.

Покрај банките, во топ 10-те компании со најголема добивка се Македонски телеком, Мермерен комбинат, „Алкалоид“, Охридска банка, Цементарница „УСЈЕ“, „Макпетрол“ и УНИ банка.
 

Содржината е прочитана 55 пати.