Мода

Елена Лука ја претстави новата колекција за есен/зима 2014 – 2015 под називот „ELigion“

Вчеравечер во новиот објект на МНТ, се одржа модната ревија на „Елена Лука“ со новата колекција за есен/зима 2014-2015 насловена како „ELigion“.

петок, 02 октомври 2015

 Вчеравечер во новиот објект на МНТ, се одржа модната ревија на „Елена Лука“ со новата колекција за есен/зима 2014-2015 насловена како „ELigion“.

Со ултра модерниот стил на специфични линии и материјали во комбинација на црно-бело и метално сиво, текстура со висок сјај и аксесоари кои одлично се прилагодени на целата модна линија, се доби печатот на авангардноста со која „Елена Лука“ не престанува да не изненадува секоја сезона.

Особена впечатливост се доби со модните фризури коишто ја диктираа целата линија за урбаната и современа жена. Целосната визуелизација на моделите беше одлично претставена со моќна музичка подлога и подвижен перформанс на манекенките во текот на ревијата.

Впечатокот за извонредната комбинација на сите елементи вклучени во моделите беше главна импресија на присутните консументи на оваа несекојдневна модна приказна.

Се почувствува модерниот правец од европската и светската мода, на голема радост на сите присутни и љубители на модерниот изглед во нашата средина.

Содржината е прочитана 942 пати.