Инфо

Од петок до четврток наредната недела ќе се прска против комарци во Скопје

среда, 12 септември 2018

Петтата фаза од авионската и терестричната дезинсекција против комарци на подрачјето на Скопје ќе почне во петок и ќе се спроведува до четврток следната недела.

Авионското прскање ќе се изврши во петок и во сабота во раните утрински часови, додека дезинсекцијата од земја ќе почне во недела и ќе заврши најдоцна до четврток – 20 септември и ќе се реализира во период од 23 до 04 часот.

Од Град Скопје информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

 

Содржината е прочитана 54 пати.