Инфо

ФИНКИ стана почесен член на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија

Во иднина ФИНКИ и АЕТМ заеднички ќе придонесуваат за развој на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите

вторник, 11 септември 2018

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ, потпишаа Меморандум за соработка, со цел заеднички да придонесат кон развојот на е-трговијата и развивањето на способностите, дигиталната писменост и градењето на капацитети во секторот за е-трговија.

Меморандумот, со кој, всушност ФИНКИ стана почесен член на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, го потпишаа претседателот на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска и деканот на ФИНКИ, проф. Д-р Иван Чорбев.

Со тоа во иднина ФИНКИ и АЕТМ заеднички ќе придонесуваат за развој на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите.

Воедно, како што информираат од Асоцијацијата, ФИНКИ е и дел од партнерите на првата конференција за е-трговија под наслов “eCommerce: TheeFutureforeMacedonia!”, која има за цел да придонесе кон поголеми знаења поврзани со е-трговијата вклучувајќи ги и поврзаните услуги и технологии и да придонесе кон намалување на препреките кои го ограничуваат развојот на оваа дејност.


 

Содржината е прочитана 91 пати.