Здравје/ Убавина

Не јадете овошје навечер

Конзумирањето овошје во големи количини може да биде штетно, особено ако се конзумира во вечерните часови, смета доктор Џанан Каратај, позната по диетата „Каратај“, која самата ја разви.

среда, 03 јуни 2015

Конзумирањето овошје во големи количини може да биде штетно, особено ако се конзумира во вечерните часови, смета доктор Џанан Каратај, позната по диетата „Каратај“, која самата ја разви.

Таа тврди дека со овошјето треба да се биде претпазлив, бидејќи, според неа, овошниот шеќер е една од причините за појава на маснотии во црниот дроб.

Лицата со здравствени проблеми, тврди Каратај, треба да внимаваат на количината на фруктоза во овошјето.

- Количината на конзумираното овошје, времето и начинот на нивно конзумирање, всушност го прави здраво или нездраво за нашето тело. Овошниот шеќер и секој друг шеќер е „сладок отров“. Поради тоа никогаш не треба да се конзумира во преголеми количини, особено навечер. На пример конзумирањето банана во есенскиот или зимскиот период за појадок, под услов за неконзумирање други слатки во текот на денот, е здраво. Меѓутоа, конзумирањето банана во вечерните часови или пред спиење се претвора во маснотии и поради тоа е нездраво, вели Каратај.

Исто така таа истакна дека наместо обилни оброци за ручек, за човековиот организам е здраво конзумирање ореви, бадеми, лешници, како и конзумирање портокал или мандарина.

Сепак, Каратај нагласува дека конзумирањето на цеден сок од неколку портокали или мандарини не е препорачливо бидејќи поради гликемискиот товар многу брзо влегува во крвотокот и така го зголемува нивото на шеќер во крвта.

(Преземено од МИА) 

Содржината е прочитана 1067 пати.