Култура

Филмски циклус - 100 години Ингмар Бергман

Кинотека на Македонија во соработка со Амбасадата на Шведска ќе ги емитува култните филмови на познатиот шведски режисер во периодот од 28 септември до 4 октомври

вторник, 11 септември 2018

Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Кралството Шведска во Скопје организира „Филмски циклус 100 години Бергман“.

Во чест на познатиот шведски режисер Ингмар Бергман ќе бидат емитувани неговите култни филмови во периодот од 28 септември до 4 октомври.

Македонските почитувачи на овој гениј ќе имаат можност да ги погледнат филмовите „Лето со Моника“, „Островот Бергман“, „Седмиот печат“, „Навлегувајќи во Бергман“, „Диви јагоди“, „Персона“, „Есенска соната“, „Фани и Александер“ и „Сарабанд“.

Бергман режирал повеќе од 60 филма и документарци од кои повеќето ги напишал самиот тој. Неговата работа често се занимава со смрт, болест, вера, предавство, песимизам и лудило. Неговиот филм „Седмиот печат“ останува запаметен како едно од големите филмски ремек-дела.
 

Содржината е прочитана 31 пати.