Култура

Ерос Рамацоти доаѓа во Скопје

Една од најголемите светски пејачки ѕвезди ќе одржи концерт на 30 септември 2019 година во ВИП Арена. Концертот е во рамки на неговата светска турнеја „Vita cen`e’“ која ги опфаќа сите континенти

вторник, 11 септември 2018

 

Една од најголемите светски пејачки ѕвезди, планетарно популарниот Ерос Рамацоти доаѓа во Скопје. Во рамки на својата светска турнеја „Vita cen`e’“ која ќе ги опфати сите континенти, Рамацоти ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.

После концертот на Стинг, на Скопје ќе му се случи уште еден неверојатно голем музички настан. Авалон Продукција им го овозможува задоволството на граѓаните на Македонија да го почувствуваат пулсот на светските концертни настани и да уживаат во изведбата на најголемите музички имиња.

Концертните настапи на Рамацоти се познати како едни од највозбудливите во историјата на поп музиката. Од Авалон Продукција информираат дека тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продукција, па Македонија ќе има шанса да види 100 отсто Ерос доживување докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.

„Концертот на Ерос Рамацоти во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Стинг, ако се земе во предвид капацитетот на салата. Авалон Продукција освен во Скопје, го работи и концертот на Рамацоти во софиската арена ’Армеец’ која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 3 октомври“, велат од Авалон Продукција.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба онлајн исклучиво преку новиот тикет систем на Авалон Продукција, кој го има на avalon.mk, а исто така ќе има и продажна мрежа која ќе биде објавена утревечер со останатите информации.
 

Содржината е прочитана 76 пати.