Инфо

На 8 Септември ќе работат само три билетарници на ЈСП

петок, 07 септември 2018

Поради државниот празник 8 Септември-Ден на независноста, утре ќе работат само три билетарници на ЈСП „Скопје“.

Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и кај Транспортен центар, кои ќе работат од 7 до 19 часот, а со работно време од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека на празникот во сабота, автобусите на претпријатието и на приватните превозници ќе сообраќаат по неделен возен ред.
 

Содржината е прочитана 45 пати.