Инфо

БДП со раст од 3,1 отсто во вториот квартал годинава

четврток, 06 септември 2018

Бруто домашниот производ (БДП) бележи раст од 3,1 отсто во вториот квартал годинава, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во првите три месеци стапката на раст на БДП изнесуваше 0,1 процент.

Според податоците на ДЗС, во второто тримесечје од 2018 година, најголем раст е забележан во секторите Уметност, забава и рекреација, Други услужни дејности, Дејности на домаќинствата како работодавачи; Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби, од дури 13, 9 отсто, додека раст од 12, 7 отсто има кај Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

„Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2018 година номинално расте за 3,2 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 69,6 проценти“, стои во соопштението на ДЗС.

Во вториот квартал извозот на стоки и на услуги номинално се зголемил за 13 отсто, а увозот на стоки и на услуги за 6,6 проценти.
 

Содржината е прочитана 81 пати.