Бизнис вести

Фирмите да аплицираат во УЈП за да добијат финансиска поддршка за раст на платите

Поддршката изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатна во последните три месеци лани, а најмногу до 1.200 денари по работник месечно

среда, 05 септември 2018

Фирмите кои се заинтересирани да добијат финансиска поддршка за раст на плати преку Министерството за труд и социјална политика може да аплицираат во Управата за јавни приходи, преку системот за Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН).

Поддршката изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатна во последните три месеци лани, а најмногу до 1.200 денари по работник месечно.

Обезбедувањето повисоки плати за работниците е овозможено со последните измени и дополнувања на Законот за минимална плата со кои се утврдени и условите што треба да ги исполни работодавачот за да ја добие финансиската поддршка.

„Еден од условите е фирмата која аплицира за поддршката претходната година да имала трошоци за работење (плати, надоместоци, даноци за плата и надоместоци и придонеси од задолжително социјално осигурување), во износ повисок од 50 отсто од вкупните расходи, а бруто исплатената плата на работникот во месеците октомври, ноември и декември 2017 година да изнесува до 26.250 денари“, велат од Министерството.

Управата за јавни приходи ќе врши проверка за тоа дали се исполнети условите за да се додели финансиска поддршка, додека исплатата на средствата ја врши Министерството за труд и социјална политика.
 

Содржината е прочитана 301 пати.